Радикален потег на раководството на Динамо Загреб кое се одлучи да им врачи отказ на сите шест члена на стручниот штаб на Ненад Бјелица, додека искусниот стратег преживеа, барем засега.
Од клубот отказ добија Рене Помс, Нино Буле, Силвио Чавлина, Мартин Мајер, Карло Реинхолц и Јасмин Османовиќ. Како причина се спомнува нивната одлука да не се согласат на намалување на платата.
Во Динамо на намалување на платата се согласија сите кои земаат до 1.000 евра, како и играчите и тренерите од Б-тимот. Но, првотимците одбија да се откажат од третина од платата како што им беше понудено.
Бјелица има договор до крајот на следната сезона, а моментално заработува по 800.000 евра годишно. Со оглед на фактот дека сите помошници се негов избор, останува да се види каква сега ќе биде неговата реакција.
Претходно дел од хрватските медиуми ја критикуваа одлуката на играчите, на чело со капитенот Аријан Адеми, да не прифатат намалување на платите за 30%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА