Динамо и Ристовски го решија ПАОК за чекор напред кон четвртфинале во Конференциската лига

Динамо Загреб и Стефан Ристовски се на добар пат за мест во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА, откако во првиот натпревар од осминафиналето на „Максимир“ славеа со 2-0 против грчки ПАОК.

„Модрите“ имаат добра резерва од два гола предност пред реваншот откако триумфираа со головите на Петковиќ во 37. и во 71. минута.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во одбраната на хрватскиот шампион.

Место кон четвртфинале има и за Фенербахче кој убедливо со 0-3 победи на гостувањето против Ројал Унион.

Фиорентина, исто така со предност ќе го очекува реваншот на домашен терен, по победата од 3-4 на гостувањето против Макаби Хаифа.

Без голови заврши дуелот меѓу Сервет и Викторија Плзен.

Се вчитува...