Динамо Киев избрка фудбалер поради тоа што неговиот татко работел за Русија

Украинскиот прволигаш Динамо Киев донесе одлука за бркање на фудбалер, затоа што неговиот татко бил соработник на руските структури. Фудбалерот е Артур Уваров, кој има 17 години и дел од младинскиот погон на екипата, а неговиот татко Максим е заменик претседтел на сепаратистичка република Луганск.

Се огласија и од Динамо Киев околу случајот…

„Не одобруваме сталинистички методи во кои синот одговара за постапките на таткото. Меѓутоа добивме проверени информации, па кои ние како клуб му поставивме конкретно прашање на фудбалерот за активностите на неговиот татко. За тоа каква е поврзаноста со воените структури на сепаратистите, но не добивме одговор. Ние сме огорчени од однесување на фудбалерот, и затоа одлучивме да го раскинеме договорот на Уваров“, се вели во соопштението на Динамо Киев.

Се вчитува...