Украинскиот шампион Динамо Киев потклекна во пресметката против кипарски Пафос во првиот натпревар од 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
На дуелот во Лублин, Полска, каде што Украинците ги играат своите домашни натпревари, шампионот на Кипар славеше со 0-1 со голот на Андерсон во 84. минута.
Претходно, во 62. минута судијата Сандро Шерер досуди пенал за Динамо, но неколку минути подоцна ја поништи својата одлука со асистенција на ВАР.
Πέναλτι για Ντιναμό Κιέβου, κλήση στο Onfield review και… άκυρο (pics) https://t.co/dRj5MeyZ5j via @Protathlima #pafos @pafosfcofficial
— Protathlima.com (@protathlimacom) August 5, 2025
Па, потоа следеше казната на Кипраните за победа од 0-1.
Малме и Копенхаген претходно одиграа натпревар без голови, а Глазгов Ренџерс има убедливи 3-0 против чешка Викторија Плзен по 70 минути игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

