Ракометарите на Динамо Букурешт му го нанесоа на Спортинг Лисабон првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен во меч од 6. коло славеа со 33-29.
Гостите беа подобар противник во првиот дел и на пауза заминаа со позитива од плус два (13-15). Сепак, домаќините одиграа неверојатно во второто полувреме и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 33-29. Зајнлабедин Али со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ори Фреј Поркелсон постигна шест гола.
Данска Фредериција ја запиша првата победа во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во 6. рунда славеше против полската Висла Плоцк со 28-25. Домаќините уште од самиот старт го презедоа водството и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да дојде до поволен резултат. Вилијам Андерсон со седум гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Миха Зарабец постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА