Динамо не се откажува: Трамвај „10 Модриќ“ вози низ Загреб (ФОТО)

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истакува на крајот на сезоната по што еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата ќе биде слободен да ја бира следната дестинација. Во Загреб постои надеж дека тоа ќе биде Динамо што би претставувале враќање на добро познатото место по 16 години.

Со цел да го придјобијат Модриќ, „модрите“ неодмана ја закупија целата насловна страна на „Марка“ и го повикаа 38-годишникот да се врати во клубот, на последниот лигашки натпревар против Истра можеа да се видат бројни дресови со бројот „10“ и презимето „Модриќ“, а клубот отиде и чекор подалеку во желбата.

Денеска на улиците на главниот град на Хрватска се појави трамвај на кој наместо дестинација стои бројот 10, а дестинацијата е Модриќ.

Се вчитува...