Динамо немаше сила за сензација против Арсенал, ПСЖ од 0-2 до победа против Сити (ВИДЕО)

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски забележа нов пораз во Лигата на шампионите откако вечерва загубија на гостувањето кај Арсенал со 3-0. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 2. минута со голот на Деклан Рајс. На 2-0 зголеми Каи Хаверц во 66. минута, додека конечните 3-0 беа дело на Одегард во 92. минута. Ристовски и Адеми беа стартери за својот тим, првиот го одигра цел меч, а вториот беше заменет во 59. минута.

Arsenal [2] – 0 D. Zagreb – K. Havertz 66'
byu/dotuan211 insoccer

Пари Сен Жермен и Манчестер сити oдиграа неверојатен натпревар на „Паркот на принцовите“ во 7. коло од Лигата на шампионите во кој на крајот домаќините славеа со 4-2.

Откако 50 минути мируваа мрежите на двете страни, за десет минути успеаја двата тима да постигнат дури четири гола. Гостите преку Грилиш во 50. минута поведоа со 0-1, а само три минути подоцна беше и 0-2 со голот на Халанд.

Домашниот тим намали на 1-2 преку Дембеле во 56. минута, додека 2-2 беше во 61. минута со голот на Баркола. Целосен пресврт 3-2, донесе Жоао Невеш во 78. минута, додека конечните 4-2 ги постави Рамош во 94. минута.

PSG [2] – 2 Manchester City – B. Barcola 60'
byu/dotuan211 insoccer

Реал Мадрид беше убедлив на домашен терен со 5-1 против Салцбург, додека Интер славеше лесно на гостувањето кај Спарта Прага со 0-1.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 7. КОЛО:

18.45 

ШАХТЈОР – БРЕСТ 2-0 

ЛАЈПЦИГ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН 2-1 

21.00

АРСЕНАЛ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 3-0

СЕЛТИК – ЈАНГ БОЈС 1-0

ФЕЕНОРД – БАЕРН МИНХЕН  3-0

МИЛАН – ЖИРОНА 1-0

ПСЖ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 4-2

РЕАЛ МАДРИД – САЛЦБУРГ  5-1

СПАРТА ПРАГА – ИНТЕР 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...