Динамо продава уште еден бисер за десет милиони евра

Динамо Загреб остана без богатство поради рана елиминација од АЕК во квалификациите за Лигата на Шампионите, но хрватскиот првак ќе го надополни тоа со продажбата на неколку стандардни првотимци.

„Модрите“ веќе заработија над 20 милиони евра од продажбата на Шутало во Ајакс, а сега уште еден ас на Динамо е пред преселба во Холандија. Станува збор за Лука Иванушец, најдобриот играч на Динамо од стартот на сезонава кој кариерата ќе ја продолжи во Феенорд. Двата клуба долго преговараа, за на крајот да биде постигнат договор, вкупниот трансфер ќе изнесува 10 милиони евра од кои 8,5 се загарантирани со самиот потпис, а останати 1,5 милиони се поврзани со неколку клаузули.

Иванушец за последен пат ќе настапи за Динамо Загреб на следниот меч од квалификациите за ЛЕ против Спарта, по што ќе се пресели во Феенорд, кој како актуелен првак на Холандија има загарантирано место во Лигата на Шампионите.

Следен на листата играчи кои ќе си заминат е голманот Ливаковиќ, кој се наоѓа пред трансфер во Фенербахче, а неизвесна е и иднината на најдобриот напаѓач Петковиќ, кој е поврзуван со Трабзонспор.

Се вчитува...