Динамо Загреб стигна до втората победа во низа во Лигата на Шампионите, и тоа втора на гостински терен откако хрватскиот првак вечерва славеше со 1-4 на гостувањето против Слован Братислава. Осоколени по триумфот над Салцбург во минатата рунда, „модрите“ одиграа уште еден одличен меч надвор од својот стадион, постигнувајќи три гола откако домаќинот прв поведе преку Стрелец.
Шпикиќ израмни на 1-1 неколку минути по водечкиот гол на Слован, Сучиќ донесе предност по одличниот центаршут на Пјаца, а сите дилеми околу победникот ги разреши Куленовиќ со гол на стартот од второто полувреме, за истиот фудбалер нешто подоцна да зголеми и на 1-4. Стефан Ристовски беше стартер за Динамо во овој триумф, додека Аријан Адеми влезе во второто полувреме на метото на Батурина и придонесе неговиот тим рутински да го приведе мечот до крај.
Бојан Миовски и Џирона загубија со 4-0 на гостувањето против ПСВ Ајндховен. Македонскиот репрезентативец немаше среќа, промаши стопроцентна шанса при 0-0 кога од пет метри го погоди само дирекот, а пред самиот крај на првото полувреме судијата Оливер не досуди пенал иако Миовски очигледно беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.
Победникот беше решен уште во првите 45 минути, во кои холандскиот првак ги постигна головите преку Фламинго и Тилман, во второто полувреме кај Џирона беше исклучен Мартинез, a ПСВ ја круниса предноста од играч повеќе со два гола до крајот на мечот, дело на Бакајоко и на Крејцл (автогол).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА