Динамо Загреб сосема очекувано му врачи отказ на стратегот Анте Чачиќ, по шокантната елиминација во Купот на Хрватска и поразот од Шибеник со 1-2 со гол примен во 93. минута.
Чачиќ доби отказ но ќе си замине и со отпремнина од 1,7 милиони евра за предвремениот раскин на договорот.
Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски сега ќе добие нов шеф во битката за одбрана на титулата. Рој Ференчина и Сандро Перковиќ остануваат тренери засега привремено ќе ги водат „модрите“, но веќе се нагласува дека најсериозен кандидат за нов тренер е Ненад Бјелица.
Под водство на Бјелица, Динамо Загреб беше доминантен во хрватската лига а импресионираше и во Европа. Се раздели со клубот во време на пандемијата на коронавирусот поради несогласувања со раководството околу намалување на платите. Неговото враќање на „Максимир“ сега е најреална опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА