Динамо Загреб го загуби дербито во Сплит и има сериозно заостанување зад Хајдук, но хрватскиот првак продолжува со активностите кога станува збор за фудбалскиот пазар. „Модрите“ се специјализираа за продажба на своите скапи „фудбалски бисери“ , а трендот се очекува да продолжи и во јануарскиот преоден рок, со заминувањето на Мартин Батурина, за кого во офанзива тргна францускиот шампион ПСЖ.
Одличниот плејмејкер го доби прекарот „новиот Модриќ“ во татковината, тој веќе го привлече вниманието на бројни европски клубови, па Динамо летово одби 18 милиони евра за Батурина. Сепак, откако тој ќе одигра шест меча во првиот дел од Лигата на Шампионите, „сино-белите“ од Загреб се подготвени да го продадат, особено откако ПСЖ се вклучи во трката. Информациите од Хрватска говорат дека во Загреб веќе е пристигната понуда си загарантирани 25 милиони евра за Динaмо, плус дополнителни пет милиони поврзани со неколку клаузули.
Батурина сезонава настапи на 20 средби за Динамо Загреб во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА