По триумфот во лигашкиот меч викендов, Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва го освои „Пољуд“ славејќи повторно со минимални 0-1 овојпат во полуфиналето од националниот куп на Хрватска против Хајдук на Александар Трајковски.
Клучниот момент во мечот се случи во 15. минута кога Куленовиќ го постигна погодокот вреден финале во Купот на Хрватска. Стефан Ристовски беше стартер за својот тим, а од игра излезе во 90. минута, додека Аријан Адеми не беше во комбинација за настап на овој меч.
Кај Хајдук Александар Трајковски во игра влезе во 64. минута. Својот деби настап за „белите“ од Сплит го имашеи Иван Перишиќ кој во игра влезе во 73. минута. Во финалето Динамо ќе игра против Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА