Динамо во финишот остана без победа, Јуве со фудбалер помалку подобар од Лајпциг (ВИДЕО)

 Фудбалерите на хрватскиот шампион Динамо Загреб може да жалат бидејќи пропуштија позитива од два гола во последните дваесет минути и одиграа само 2-2 против Монако во меч од 2. коло во Лигата на шампионите.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на младиот Сучиќ во судиското надополнување во првото полувреме. На 2-0 зголеми Батурина во 66. минута.  Салису во 74. минута намали на 2-1, додека конечните 2-2 ги постави Закарија од пенал во 90. минута. Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа во почетната постава на модрите. Ристовски го одигра целиот натпревар, додека Адеми беше променет во 63. минута.

Dinamo Zagreb 2 – [2] Monaco – Denis Zakaria 90' (Penalty)
byu/etclassico insoccer

Јувентус и со фудбалер помалку успеа да слави на гостувањето кај Лајпциг со 2-3. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Шешко во 30. минута. Гостите израмнија преку Влаховиќ на 1-1 во 50. минута. Стигна проблем за гостите откако Ди Грегорио доби директен црвен картон во 59. минута, а Шешко од пенал во 65. минута донесе ново водство за домаќинот (3-2). Сепак, до крајот „старата дама“ со головите на Влаховиќ во 68. и Консеисао во 82. минута стигна до голема победа од 2-3. Елиф Елмас не доби шанса за својот тим, ниту на овој натпревар.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ЛШ: 

ЖИРОНА – ФЕЕНОРД 2-3 

ШАХТЈОР – АТАЛАНТА 0-3

АСТОН ВИЛА – БАЕРН М. 1-0

БЕНФИКА – АТЛЕТИКО М.  4-0

ДИНАМО З. – МОНАКО 2-2

ЛИЛ – РЕАЛ МАДРИД 1-0

ЛИВЕРПУЛ – БОЛОЊА 2-0

ЛАЈПЦИГ – ЈУВЕНТУС  2-3

ШТУРМ – КЛУБ БРИЖ 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...