Динамо во големи проблеми: 13 фудбалери на хрватскиот шампион под знак прашалник за мечот со Селтик

Динамо Загреб буквално ќе биде десеткуван на натпреварот против шкотскиот Селтик во Лигата на шампионите. Динамо го чека решавачкиот натпревар од Лигата на шампионите, во кој победа би го доближила до нокаут фазата.

Хрватскиот шампион е на 23. место со седум бодови, додека Селтик е на 20. позиција со бод повеќе. Првите осум места водат директно во осминафиналето, додека пласманот од 9 до 24. место води во плеј-офот.

Динамо е на работ, а бидејќи по Селтик има натпревари против Арсенал (во Лондон на 22 јануари) и Милан (на Максимир на 29), јасно е дека средбата против шкотскиот гигант може да биде клучна. Во составот против Селтик сигурно нема да бидат Бруно Петковиќ, Аријан Адеми, Иван Невистиќ, Такуја Огиваро, Петр Сучиќ, Мауро Перковиќ, Јосип Мишиќ, Хуан Кордоба и исфрлениот Сами Мае. Тренерот на модрите потврди дека Адеми поради повредата која ја заработи на последниот домашен натпревар ќе биде надвор од терените до крајот на 2024 година.

Стандардниот стопер Раул Торенте се уште е неизвесен, а Мартин Батурина би требало да настапи и покрај малата повреда. Ровит е и  македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, но ќе биде достапен за мечот против Шкотите.

Се вчитува...