Хрватскиот шампион Динамо Загреб и официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски како свој нов фудбалер.
Ристовски се одлучи да ја прифати понудата на „модрите“ за продолжување на кариерата, по крајот на тригодишната соработка со Спортинг Лисабон.

28-годишниот Ристовски се приклучува во Динамо Загреб на репрезентативниот соиграч Аријан Адеми.
Претходно во својата кариера настапуваше за Вардар, од каде на 18 години се сели во италијанската Парма, па потоа во Кротоне, Фросиноне, Бари и Специја. Ова е втор за него настап во Хрватска, по претходната одисеја во дресот на Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

