Динамо Загреб го враќа Пјаца на „Максимир“

Динамо Загреб е на добар пат да го врати во своите редови Марко Пјаца, 28-годишниот хрватски фудбалер кој ќе остане запишан как едно од најголемите трансфер-промашувања во историјата на Јувентус.

Пјаца потпиша од Динамо во Јувентус во 2016 година за 29 милиони ерва. Повредите го спречија крилниот офанзивец да го покаже својот потенцијал во дресот на „старата дама“, потоа беше испраќан на позајмици во Шалке, Фиорентина, Андерлехт, Џенова, Торино и Емполи, но Хрватот никаде не влезе во посакуваната натпреварувачка форма. Најдобар доказ за тоа се бројките од ланската сезона во Емполи, каде настапи на 17 натпревари, не постигнувајќи ниту еден гол ниту асистенција.

Јувентус има уште една година од договорот со овој фудбалер, но е согласен да го пушти веднаш да си замине без никаква отштета. Динамо и лани го сакаше Пјаца, но тогаш „старата дама“ бараше еден милион евра само за позајмица. Сега ситуацијата е поинаква, двете страни се многу блиску до договор и се очекува поранешниот хрватски репрезентативец наскоро и официјално да се врати на „Максимир“.

Се вчитува...