Дресот со број „5“ кој во Динамо Загреб го носеше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе биде повлече од употреба, пренесува хрватски „јутарњи“.
Поранешниот фудбалер на Динамо Комнен Андриќ напиша долго писмо по повод збогувањето на Аријан Адеми во кое, меѓу другото, наведе; „Повлечете го бројот 5 од почит!“. Секако, тоа е бројот што го носеше поранешниот капитен на Динамо. И Динамо навистина реши да го направи тоа. „Петката“ на Аријан Адеми ќе биде заштитен број, кој нема да го видите на дресот на ниту еден играч на синиот клуб, пишува „јутарњи“.
Од хрватскиот шампион ја потврдија оваа информација, но поради големата почит кон сите легенди на клубот кои го носеле бројот „5“, овој дрес ќе биде повлечен се додека трае професионалната кариера на Македонецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА