Динамо Загреб од трансферот на Олмо ќе си „лапне“ најмалку 12 милиони евра

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо со фантастичните игри на Европското првенство, го привлече вниманието одново на големите клубови. Шпанецот има клаузула која истекува во понеделник, а таа изнесува 60 милиони евра. Потоа Лајпциг може сам да одлучи за цената која ќе го продаде.

Целата ситуација „будно“ ја следи и Динамо Загреб кој има процент од овој трансфер. Динамо го продаде Олмо на Лајпциг за 29 милиони евра, но има и 20 проценти од идниот трансфер. Тоа значи дека ако некој ја плати сумата од 60 милиони евра, дури 12 одат во касата на тимот од Загреб.

За Олмо одамна се интересира Барселона, но прво мора да го среди финансискиот фер-плеј па да ангажира познати имиња. Пред неколку дена претседателот Лапорта истакна дека во овој момент Барса може да си го дозволи Нико Вилијамс, истакнувајќи дека наскоро повторно тимот ќе може да ангажира големи имиња.

Се вчитува...