Динамо Загреб го продолжи трендот на менување по неколку тренери во текот на сезоната, откако денеска му беше врачен отказ на Никола Јурчевиќ. Овој стратег пристигна на клупата на „модрите“ пред два месеци, но не успеа да ја поправи играта. Динамо загуби неколку натпревари, во меѓувреме сепак стигна до шампионската титула, но управата на клубот незадоволна од очајните игри реши да се раздели од Јурчевиќ.
„Со одлука на Извршниот Одбор на Динамо, Никола Јурчевиќ повеќе не е тренер на првата екипа. Тој е известен за ваквата одлука, а наскоро ќе известиме и за следните чекори поврзани со првиот тим и стручниот штаб“ – се вели во соопштението на хрватскиот шампион.
Во исчекување на официјално соопштение, хрватските медиуми го објавија и името на новиот тренер на Динамо. Тоа ќе биде Ненад Бјелица, кој е слободен откако пред десетина дена доби отказ од клупата на полскиот прволигаш Лех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА