Динамо Загреб е многу блиску да обезбеди учество во групната фаза во Лигата на шампионите, откако во првиот меч против Карабах на домашен терен славеше со 3-0. Голем пех за домашните беше и повредата на Стефан Ристовски кој во 20. минута го напушти теренот поради повреда на ложата. Меѓутоа тоа не влијаеше на резултатот, со оглед дека неговите соиграчи на крајот славеа убедлива победа.
Сепак, резултатот не ги отсликува реалните случувања на теренот, со оглед дека Карабах при 1-0 имаше пречка, статива, и неколку добри шанси не само да израмни, туку и да поведе со 2-3 разлика. Пјаца во 29. минута успеа да стрела, откако собра отпадок од голманот на гостите, и стрелаше во мрежата.
Откако успеа да се одбрани од налетите на Карабах, Динамо Загреб во игра го внесе Сандро Куленовиќ, а овој врати со два гола за краток период. Најпрво во 75. минута од средбата Куленовиќ донесе 2-0, а потоа истиот играч во 80. минута најдобро се снајде во мешаницата и успеа да зголеми на 3-0, што беше конечен резултат. На крајот Карабах може да биде и среќен со ваков пораз, со оглед дека Динамо ја погоди стативата во финишот.
Играчите на Црвена Звезда ќе мораат во Белград да бркаат победа против Бодо Глимт. Норвежаните славеа победа на првиот меч со 2-1, и така се стекнаа со предност пред реваншот. На стартот од вториот дел лошата игра на Звезда придонесе за два брзи гола за норвешкиот шампион. Брјоруфт ја казни грешката на голманот на српскиот првак, а потоа во 62. минута Маата со убав удар успеа да зголеми на 2-0. Сепак, во 75. минута Мимовиќ постигна гол и донесе надеж за Звезда дека може да дојде до пласман во групната фаза во ЛШ.
Пред пласман во групната фаза е и тимот на Лил, кој што на домашен терен го совлада тимот на Славија Прага со 2-0. Дејвид во 52. минута и Жегрова во 77. минута ја донесоа победата на францускиот тим и се стекнаа со добра предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА