Динамо Загреб продаде уште еден фудбалер во Серија „А“

После Петар Сучиќ кој потпиша за Интер, Динамо Загреб продаде уште еден фудбалер во италијанската Серија „А“. Играчот од средниот ред Мартин Батурина се сели во Комо, во договор вреден 18 милиони евра, кој со бонуси може да достигне и 25 милиони.

22-годишниот Батурина беше мета на неколку големи клубови, но на крајот Комо беше најупорен и го доби потписот на овој фудбалер, кој се споменува како замена за Лука Модриќ во Хрватска.

Ова е уште една одлична зделка на Динамо, клуб кој во минатото продаде многу играчи кои подоцна станаа ѕвезди и носители на играта на Хрватската селекција, која на последните две светски првенства го освојуваше второто, односно третото место.

Се вчитува...