Динамо Загреб се засилува со стопер на Барселона

Динамо Загреб ова лето ќе оствари сензационален трансфер од редовите на Барселона ангажирајќи го 20-годишниот стопер Серхи Домингез, пренесуваат шпанските медиуми.

Преговорите се во завршна фаза и наскоро се очекува официјализирање на трансферот кој ќе го чини хрватскиот клуб два милиони евра. На Шпанците ќе им припаднат 40 отсто од неговиот следен трансфер.

Домингез оваа сезона настапуваше и за првиот и за вториот тим на Барселона. Одигра три натпревари во Ла Лига и проследи три натпревари во Лигата на Шампиони од клупата.

Се вчитува...