Динамо Загреб спречи нов резил во домашното првенство победувајќи против Локомотива со 2-1 со два гола во судиското продолжение во 13. коло од шампионатот на Хрватска.
Тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски беше пред пораз откако гостите изненадувачки поведоа со голот на Туци уште во 4. минута и го чуваа водството во следните 90 минути.
Но, во 95. минута Батурина најпрво израмни на 1-1, а потоа во 97. минута Јапонецот Такуро Канеко донесе триумф за „модрите“. На тој начин, Канеко, се чини, го спаси од пораз и тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ.
Адеми настапи до 85. минута на дуелот, а Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА