Динамо Загреб со гол од пенал во 95. минута до голема победа над Риека

Динамо Загреб успеа да стигне до голема победа од минимални 1-0 на домашен терен против Риека во дерби натпреварот од 24. коло во Хрватскиот фудбалски шампионат.

Двата тима одиграа еден тврд и тежок натпревар за играње, а кога сите мислеа дека тој ќе заврши без голови 0-0, голема глупост направи фудбалерот на гостите Года кој го фаулираше Шипкиќ по што следуваше пенал за „модрите“.

Пеналот успешно го реализираше Бродиќ за три бода и враќање во играта за титулата во домашниот шампионат. Стефан Ристовски стартуваше на овој натпревар и одигра 87. минута, додека Аријан Адеми кој почна од клупата во игра влезе во 58. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...