Екипата на Форест Грин, која се натпреварува во Лига 2, направи изненадувачки потег назначувајќи жена за нов менаџер на тимот. Хана Дингли ќе треба да го води овој тим.
Дингли треба да го замени легендарниот Данкан Фергусон и ќе стане првата жена која ќе води машки фудбалски тим во професионална лига на Островот, и покрај тоа што ќе биде привремено решение.
Дингли има професионална лиценца од УЕФА и досега беше шеф на академијата на тимот. Таа ќе дебитира на клупата на Форест Грин на мечот во среда кога екипата ќе игра со Мелкшам Таун во пријателски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

