Македонскиот прволигаш Шкендија ги претстави своите први засилувања во овој зимски преоден рок. Се работи за Дино Меѓедовиќ, фудбалер од средниот ред, кој доаѓа од германскиот Падерборн, а претходно бил член и на Волфсбург, и игра на позицијата офанзивен играч за врска, и Јуре Чолак, централен дефанзивец, кој го носел дресот на Хамбург 08. Двајцата потпишаа договори со Шкендија до јуни 2018 година и во следните 18 месеци ќе бидат дел од тетовскиот прволигаш. Дино Меѓедовиќ и Јуре Чолак доаѓаат по барање на новиот шеф на стручниот штаб Томас Брдариќ и треба да претставуваат значајни засилувања за тимот на Шкендија. Двајцата имаат по 27 години и имаат значително искуство во Германија, иако сепак не успеале да се докажат во Бундес-лигата.Меѓедовиќ е играч од средниот ред со нагласени офанзивни карактеристики, додека Јуре Чолак е централен одбранбен фудбалер, кој може да ја пополнува и десната бековска позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА