Дино Раѓа од Улцињ: „Знаевме дека Жељко ќе биде голем тренер, капа долу за ЖОЦ“ (ВИДЕО)

Во рамките на 5. издание на „Мундијалот на пријателството“ во Улцињ се одржа и промоцијата на книгата за кошаркарската кариера на најтрофејниот тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ.

А, на промоцијата книгата свое обраќање имаше и легендата на хрватската кошарка Дино Раџа, кој играше во еден дел од кариерата заедно со Обрадовиќ во репрезентацијата на Југославија.

Раџа се потсети токму на тие денови на Жељко, истакнувајќи дека уште тогаш сите негови соиграчи знаеле дека еден ден ќе биде голем тренер.

„Знаевме, уште кога игравме заедно во репрезентацијата дека Жељко ќе биде успешен тренер еден ден. Едноставно, имаше некаков став, ќе ја земеше топката, позади топката вака, па ќе ги распоредеше играчите, ти таму, ти таму, ти таму…. Тоа беа првите сигнали дека ќе биде тренер покасно, и тоа се случи. Потоа, тренерската кариера, тоа е едноставно – самиот врв! Па девет трофеи во Европа, со пет различни клубови. Така да, само капа долу за Жељко Обрадовиќ“ – рече Раџа.

Се вчитува...