Дино Славиќ е првото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ e првото засилување за ГРК Охрид за новата сезона.

33-годишниот Славиќ ќе го носи дресот со број 12 најмалку две сезони за охриѓани.

Дино доаѓа од екипата на Лимуж по три сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација.

„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“ – изјави Дино Славиќ по потпишување на договорот со охриѓани.

Се вчитува...