Легендарниот италијански голман и некогашен селектор на Италија, Дино Зоф зборуваше за репрезентацијата пред баражот со Македонија.
Тој изрази надеж дека Италија ќе го мине првиот натпревар во баражот, а потоа ќе победи и во финалето, и на крај ќе се најде на Мундијалот во Катар.
„Не ја познавам многу добро репрезентацијата на Македонија, но мислам дека имаме големи шанси да го минеме првиот меч. Играме на домашен терен, и тоа треба да биде голема предност за нас. Јас верувам во овој тим и верувам дека од третата шанса ќе успееме да се пласираме на Мундијалот. Ние Италијанците сме секогаш навикнати да одиме по потешкиот пат. Верувам дека ќе успееме“, рече Ѕоф.
До толку е убеден во пласманот, што веќе ги анализираше и следните противници.
„Ќе го минеме првиот меч, а потоа во вториот ќе биде потешко со селекции како Турција или Португалија. Се може да биде. Според мене фаворит е Португалија од тој меч. Но, ждрепката сакаше еден од Роналдо или Италија сигурно да не патува на Мундијалот. Ќе видиме кој нема да го види“, изјави Ѕоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА