Неверојатниот чувар на мрежата Диого Кошта е херојот на Португалија во осминафиналето на ЕВРО 2024!
Португалците обезбедија четвртфинале откако дури по пенал-рулетот славеа со 3-0 против Словенија, откако Диого Кошта успеа да ги одбрани првите три пенали на Словенците во серијата.
Диого Кошта најпрво ги одбраните првите два шута на Словенците во пенал-рулетот, на Иличиќ и Балковец, а потоа и третиот на Вербиќ. Сето тоа, со постигнатите голови на Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва, сето тоа значеше четвртфинале за Португалија.
Cristiano Ronaldo apologised to the fans of Portugal after he scored. 🥲❤️ pic.twitter.com/iSEL8QHFOi
— TC (@totalcristiano) July 1, 2024
Претходно Кошта успеа да ја спаси и својата селекција во второто продолжение кога одбрани зицер на Шешко во 115. минута.
Словенците одиграа одличен меч, но на крај тотално потфрлија во пенал-рулетот. Претходно, во 103. минута, пак, Кристијано Роналдо не успеа да реализира пенал со кој и порано ќе обезбедеше четвртфинале за својата селекција.
AHORA SÍ, TE QUIERO CRISTIANO RONALDO 🐐🐐pic.twitter.com/2nfB17kag9
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) July 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА