Диого Жота го одведе Ливерпул во финалето на англискиот Лига куп

Ливерпил ќе се сретне со Челси во финалето од Лига купот на Англија откако во полуфиналниот двомеч против Арсенал славеше со 2-0 благодарение на двата гола во гости на Диого Жота оваа вечер.

Португалскиот напаѓач го отвори натпреварот со гол во 19. минута, а резултатот 0-1 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме. Сепак Жота победата ја осигура во 79. минута со што стави крај на надежите на „топџиите“ за позитивен исход и од вториот натпревар. Како потсетување првиот меч одигран на „Енфилд “ заврши со 0-0.

Головите на Жота можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА.

Се вчитува...