Белоруската атлетичарка Кристина Цимонскаја се уште е во центарот на вниманието на спортската јавност по скандалот што се случи откако белоруската делегација се обиде против нејзина волја да ја врати назад во татковината, поради критиките што Циминскаја ги упатила кон тренерот и водството на делегацијата.
Таа на аеродромот се пожалила на јапонските власти дека станува збор за обид за киднапирање бидејќи е изнесена од хотелот против нејзина волја, по што бил извршен обид да биде качена на авионот на „Туркиш Ервејс“ за експресно да биде вратена во Минск. Јапонците реагирале и не дозволиле таа да одлета од Токио, по што Цимонскаја на нејзино барање била испратена со специјално комбе до Амбасадата на Полска во Токио, каде побарала азил за да замине во оваа европска држава.
Челниците на ИОК будно ја следат ситуацијата и најавиле детална истрага, а веднаш потоа и ригорозни казни за Белорусите доколку се докаже дека биле прекршени правата на спортистите кои се дел од овие Олимписки Игри.
Во меѓувреме, две европски држави, Полска и Чешка и понудиле работна виза на атлетичарката на 200 метри, која е решена никогаш повеќе да не се врати во татковината, од каде во изминатиот период добивала закани по живот за неа и нејзиното семејство. Токму затоа, нејзиниот сопруг веќе побегнал за Украина, каде ќе почека да види каде ќе замине Цимонскаја од Токио, за да и се приклучи во новото место за живеење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА