Директорот на академијата на Барселона за проекти во Европа, Инаки Андреу, денеска беше во посета на македонскиот прволигаш Шкендија, објави клубот на својот официјален сајт. Андреу бил во друштво на Горан Мицковски, министерот за привлекување на странски инвестиции, а биле пречекани од потпретседателот на клубот, Агим Куртиши, и Албан Богај, раководителот на одделот за надворешни односи.
Гостинот од Барселона бил запознат и со проектот за реновирање на стадионот кој се очекува набрзо да почне да се реализира. Андреу дал корисни совети за проектот, со оглед на своето искуство од академијата на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА