Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ игра во извонредна форма сезонава во ВТБ лигата, вистински лидер на Уникс Казањ кој во моментов ја чува водечката позиција во шампионатот.
Секако, сето тоа го издвојува македонскиот репрезентативец како фаворит број еден за добивање на МВП признанието и сезонава во ВТБ лигата.
Тоа не го крие и генералната директорка на ВТБ-лигата, поранешната руска репрезентативка Илона Корстин која нагласува дека наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната ќе му припадна секако на кошаркар од победничкиот тим во лигата, и оној кој е предводник на својот тим. А тоа во моментов се Уника Казањ и Нено Димитријевиќ.
„Не е никаква тајна дека МВП наградата ќе му припадне на лидерот на тимот кој ќе го освои првото место во регуларниот дел. Тоа е наше непишано правило, и не верувам дека ќе се промени. Во моментов Уникс Казањ е во водство, а ако биде така до крајот тогаш верувам дека МВП признанието ќе оди во рацете на Демитријевиќ кој повторно има одлична сезона. Јасно е дека е фаворит број еден, кога постигнува повеќе од 30 поени речиси на секој натпревар, и тоа со директните конкуренти за титулата“ – вели Корстин во разговор за „Спорт Експрес“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА