Извршниот директор на Абердин, Алан Бароу испрати порака до клубовите кои се заинтересирани за Бојан Миовски дека ќе треба да издвојат добра сума на пари ако сакаат да го добијат неговиот потпис. Бароус истото го кажа и за соиграчот на Миовски, Дук.
Бароу истакна дека летово очекува да добие понуди за двајцата, но дека тимот нема така лесно да се откаже од нивните услуги. Абердин издвои нешто повеќе од 500.000 евра за потписот на Миовски, а сега вреди речиси четикратно повеќе после одличните партии во шкотскиот шампионат.
Директорот кажа дека клубот нема така лесно да се откаже од Миовски.
„Кога играчите играат добро, веднаш има интерес од други клубови. Тоа е комплимент за нас. Во моментов сме во одлична позиција. Ако некој ги сака нашите најдобри играчи, особено Дук и Миовски, кои имаат долги договори со клубот, тогаш ќе мора добро да платат и понудата да биде фер. Но, нема да биде лесно да се справиме со понудите. Ние сакаме да изградиме тим. Имаме модел кој се базира на развојот на младите играчи, како оние од Академијата, така и оние кои доаѓаат од надвор. Истовремено сакаме да бидеме конкуренти во првенството. И луѓето ако сакаат да го нарушат тоа, ќе треба добро да платат“, рече Бароу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА