Шпекулациите за потпис на Леонел Меси во Ал Хилал ги потврдил директорот на најголемиот саудиски клуб, Фахед Ал-Мофариј пренесуваат медиумите од Дубаи.
Неодмана во медиумите се појави информација како Меси наскоро би можел да се пресели во Саудиска Арабија и да му се приклучи на Кристијано Роналдо со пребогат договор од 300 милиони евра годишно, а директорот во тоа не гледа интерес на клубот, туку интерес за целиот спорт во Саудиска Арабија.
„Го прашав Фахед Ал-Мофариј кој е челниот човек на Ал Хилал за можноста да го ангажира Меси. Ми кажа: Се е исто како и во случајот со Кристијано Роналдо. Не станува збор само за интерес на нашиот клуб или играчи, ова не е голема работа за нашиот клуб. Сите саудиски клубови имаат иста цел, а тоа е голем чекор нанапред кој е инспираиран од нашиот мистер за спорт“, пишува новинар Еслам Магди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

