Директорот на Австралија опен, Крег Тајли истакна дека сака да го види Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн следната година, но не зависи од него дали ќе дојде или не.
Српскиот тенисер оваа година беше депортиран од Мелбурн откако најпрво му беше дозволено, а потоа забрането да учествува на првиот грен-слем турнир поради тоа што не е вакциниран. Тогаш доби забрана за влез во Австралија на три години.
Ѓоковиќ во текот на кариерата девет пати го освојуваше Мелбурн, и е апсолутен рекордер по бројот на трофеи.
„Што се однесува до мене, Ѓоковиќ е секогаш добродојден во Австралија. Меѓутоа сега треба работите да се решаваат меѓу него и федералната Влада. На тоа не можеме и нема да влијаеме. Кога и тие ќе го решат овој проблем, ќе ги следиме понатамошните инструкции“, рече Тајли.
Првиот човек на АО се сретнал со Новак во Лондон.
„Зборувавме опуштено, и ми рече дека сака да се врати во Австралија, но му реков дека последниот збор го има федералната влада. Го прифати тоа“, кажа Тајли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

