Веќе со недели се најавуваше заминување на Пауло Дибала од Јувентус, и дека Интер ќе го добие неговиот потпис. Аргентинецот ќе стане слободен агент по завршувањето на сезоната, откако му истекува договорот со Јувентус.
Но, после вчерашното финале на Купот во кој Интер го совлада Јуве со 4-2 по продолженија, директорот на миланскиот клуб Бепе Марота на некој начин демантираше дека Дибала ќе дојде на „Џузепе Меаца“.
„Мораме да потсетиме дека според статистиката ги имаме најдобрите стрелци во Серија „А“ оваа сезона, па јасно е дека имаме одличен напад. Со тоа на ум дека сме задоволни од нашите напаѓачи и сакаме да продолжиме со играчи кој веќе ги имаме во тимот“, рече Марота.
Интер до крајот на сезоната ќе се бори и за шампионската титула во Италија. Освен Интер, наводно за него се интересира и Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА