Директорот на Јувентус се скарал со Мота: „Се срамам што те одбрав тебе“

Полека се одмотува клопчето на кулминацијата во Јувентус кој денеска му врачи отказ на Тиаго Мота, и на негово место го назначи Игор Тудор. Иако беше најавено дека Мота ќе остане до крајот на сезоната тренер, и ќе му се даде шанса да избори место во Лигата на шампионите, сепак, тоа не се случи.

Мота не е повеќе тренер на Јувентус, а разделбата не била пријателска. Според медиумите во Италија, директорот на Јуве, Кристијано Џунтоли имал вербален конфликт со Мота, а во еден момент наводно му соопштил дека „се срами што го одбрал за тренер“.

Отказот на Мота беше поттикнат по елиминацијата во Лигата на шампионите, како и по двата катастрофални порази од Аталанта на домашен од 0-4, и од Фиорентина од 3-0.

Се вчитува...