Тренерот на Милан, Стефано Пиоли може да биде мирен на клупата, затоа што нема да дојде до негова смена. Ова го откри извршниот директор на клубот, Џорџо Фурлани за „Газета“.
Веќе некој период се шпекулира дека по завршувањето на сезоната, Пиоли ќе добие отказ, а на клупата веќе сите го видоа Антонио Конте како нов предводник на „росонерите“.
„Сезоната досега беше добра. Но, како и минатата сезона, еден тим ги надминува очекувањата. Лани беше Наполи, сега е Интер. Пиоли има позитивна историја во Милан, го врати тимот во Лигата на шампионите и ја освои титулата. Често е критикуван, но исто така постигна добри резултати. Никој во клубот не зборува за негова смена“, рече Фурлани.
Милан е блиску и следната сезона да обезбеди учество во Лигата на шампионите, а игра и во 1/4 финалето во Лигата на Европа, каде за противник ја има Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА