Милан ќе мора да бара нов спортски директор откако Антонио Д’Отавио си поднел оставка од функцијата, поради наводни несогласувања со Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот беше именуван за советник во управата на Милан, функција што е тешко да се дефинира, но Ибрахимовиќ не крие дека сака да го има главниот збор кога станува збор за формирање на екипата.
„Јас сум главен, јас сум шеф и сите работат за мене. Кога лавот ќе си замине, мачките го водат орото… Но, кога лавот ќе се врати, мачките ќе се скријат… Овде во клубот сме на многу ниско ниво“, изјави Златан Ибрахимовиќ пред неколку месеци.
Д’Отавио при потписот на договорт требало да биде спортски директор со сите задолженија што ги носи оваа функција, но се било променето откако Ибрахимовиќ дојде во клубот. Во ситуација кога се критикува управата за лошите потези на пазарот и седмото место на табелата, спортскиот директор смета дека одговорноста не треба да се бара кај него, туку кај луѓето кои ги носеле бизнис-одлуките изминатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА