Директорот на Наполи: Осимен самиот побара да не игра повеќе за тимот

Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, ја коментираше деликатната ситуација на напаѓачот на тимот Виктор Осимен , кој не можеше да најде нов тим и сега е целосно надвор од Наполи за оваа сезона.

Според менаџерот, нигерискиот репрезентативец самиот посакал да игра во друг тим, што доведе до одлука на клубот да му ја исполни желбата.

„Ситуацијата е сосема јасна и ваква е од крајот на минатата сезона. Виктор изрази апсолутна желба си замине и да не игра повеќе за Наполи, а ние се сложивме. Имаше и понуда и побарувачка. Мислевме дека завршивме со преговорите, но на крајот тие пропаднаа. Го купивме Ромелу Лукаку и ги задржавме Џакомо Распадори и Џовани Симеоне , што не го земавме здраво за готово. Во моментов го задржуваме истиот став од почетокот: тој изрази желба повеќе да не игра за Наполи , па направивме други избори“, рече Мана.

Претходно тренерот Антонио Конте рече дека нема да го реактивира Осимен во составот, и тој останува надвор од тимот.

Се вчитува...