Директорот на Реал Мадрид откри дали Модриќ заминува во јануари

Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона изминатото лето, но за разлика од минатото оваа сезона хрватскиот репрезентативец добива се помала шанса, а и таа што ја добива доаѓа од клупата.

Поради тоа во шпанската јавност владее прашањето дали 38-годишниот Хрват ќе ја промени средината уште во јануари. За негов ангажман постои интерес од Саудиска Арабија, Интер Мајами, Манчестер Јунајтед и Динамо Загреб, но барем според зборовите на директорот на Реал Мадрид, Хозе Санчез до истото нема да дојде.

„Не водиме официјални преговори со Саудиците за трансфер на Модриќ во јануари. Немаме никакви информации за негово заминување од Реал Мадрид во овој момент“, изјави Санчез.

Се вчитува...