Директорот на Рубин Казан: Преговаравме со Фалкао, бевме заинтересирани за Лукаку

Поранешниот спортски директор на Рубин Казан, Мухсин Мухамадиев, кој беше на таа функција во клубот од 2008 до 2012 година, изјави ека клубот од Казан бил за интересиран за напаѓачот Радамел Фалкао, а своевремено ги следел и Робињо и Анхел Ди Марија, како и дека била испратена понуда за Лукаку.

„Ги гледавме сите. Требаше да ангажираме Лукаку кога имаше 17 години. Отидовме да го гледаме и него и Бусуфа. Татко му беше агент, и кажа дека Ромелу сака да игра во Англија“, рече Мухамадиев.

Тој призна каде „запнала“ работата околу трансферот на Фалкао.

„Се обративме до Порто за можноста Фалкао да дојде кај нас. Претседателот на клубот рече дека бараат за него 60 милиони евра. Тоа беше преголема сума за нас, и се откажавме. Исто и за Робињо и Ди Марија ни беа побарани огромни суми на пари“, додаде Мухамадиев.

Се вчитува...