Директорот на Црвена Звезда: Против Барселона на трибините имаше 70.000 луѓе, само не смеевме да објавиме

Генералниот менаџер на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, очекува поголема продажба на сезонски билети за претстојната сезона во споредба со претходната.

Звезда ги започна подготовките во понеделник, бидејќи очекува борбата за Лигата на шампионите да ја започне кон средината на јуни, од второто коло од квалификациите.

Терзиќ очекува голема поддршка од навивачите , па затоа откри интересен факт за натпреварот против Барселона во Белград, во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите минатата сезона. 

„Треба да продадеме повеќе сезонски билети отколку минатата сезона, но тоа зависи и од противникот. Велат дека имало 70.000 против Барселона, но не ни беше дозволено да го објавиме тоа“, рече директорот на Звезда.

Се вчитува...