Долгогодишниот холандски репрезентативец, Дирк Кајт, денеска објави дека ја завршува својата кариера, само неколку дена откако на Феенорд му ја донесе титулата во домашното првенство. Овој 36-годишен голгетер постигна хет-трик на мечот од последното коло со Хераклес, носејќи три бода за титула, по што најави дека ќе разговара со тренерот Ван Бронкхорст и со управата на клубот пред да ја донесе конечната одлука за свсојата кариера.
По одржаниот состанок Кајт денееска обелодени дека нема да потпише нов договор со Феенорд, туку ќе стави крај на својата кариера.
„Горд сум на сето она што го остварив во изминатите години, на сите соништа што ми се исполнија играјќи фудбал. Одлуката е многу тешка, но знам дека ова е вистинскиот момент да се каже збогум“ – изјави Кајт, кој во иднина ќе остане дел од управата на Феенорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА