Вардар утре ќе го пречека Киелце во натпревар од Лигата на шампионите. Германскиот интернационалец, Кристијан Дисингер вели дека проблем за „црвено-црните“ е тоа што имаат многу малку натпревари сезонава, но дека тоа нема да биде причина да не дадат максимум на овој меч.
„Цела сезона е тешка за нас, бидејќи немаме доволно мечеви. Мислам дека е тешко за нас бидејќи не играме во СЕХА не играме во домашното првенство. Искрено не очекувам многу бидејќи немаме чувство за играње. Одигравме три меча за три месеци. Сакаме да победи, но нема да биде лесно Киелце има многу повеќе натпревари игра и дома и во Лига на шампиони. Ќе имаме притисок бидејќи Киелце игра агресивно и ќе биде навистина тежок меч, но ние ќе дадем максимум да стигнеме до победата“, изјави Дисингер.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра утре со почеток во 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА