Составот на Велика Британија за штафетата на 4×400 метри на Европското атлетско тимско првенство беше дисквалификуван откако официјалните лица забележаа дека во четворката пријавени фигурира име на фрлач на ѓуле.
Јоцеф Затат кој воопшти и не отпатувал во Полска каде што се одржуваше првенството се нашол во тимот на местото на спринтерот Рабах Јусуф.
Од британската атлетска федерација велат дека се работело за „техничка грешка“. Тимот на Британија беше меѓу конкурентите за медал во оваа дисциплина, но и со најдобар пласман на штафетата, немаше да заврши повисоко од петтото место на кое се пласира по двата дена натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА