На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се следниве одлуки.
ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 5000 евра поради слаба организација, фрлање на предмети во терен, фрлање на скалпел и запалки, влегување на неслужбено лице во службени простории на натпреварот ФК-Шкендија-ФК Пелистер во рамки на 20. коло Прва МФЛ.
Имран Фетаи фудбалер на ФК Шкендија се казнува со забрана на настап на два натпревари.
Вебстер Роналдо Ромарио фудбалер на ФК Шкендија се казнува со забрана на настап на еден натпревар.
Шабан Сулиман тренер на ФК Работнички се казнува со забрана за вршење на функција на два натпревари.
Александар Васоски тренер на ФК Силекс се казнува со забрана за вршење на функција на 2 натпревари
Против ФК Вардар се покренува Дисциплинска постапка за слаба организација на натпреварот од 21 коло против ФК Шкендија
Тони Мегленски Тренер на ФК Вардар се казнува со забрана за вршење на функција од 1 месец
Дарко Додев се казнува со забрана на настап на 1 натпревар
Против ФК Шкендија се покренува дисциплинска постапка поради слаба организација, фрлање на запалки по завршување на натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

