Дивац конечно откри зошто не го избрал Лука Дончиќ на НБА-драфтот

Лука Дончиќ минатата сезона блескаше против Сакраменто, славејќи го гласно својот настап пред очите на Владе Дивац, на кого јасно му порача дека згрешил што не го избрал на НБА-драфтот.

Сакраменто беше во можност прв да избира на тој драфт, Дончиќ важеше за суперталент кој доаѓа од Реал Мадрид, но Дивац како генерален менаџер реши наместо Дончиќ да го избере грчкиот центар Папајанис, кој не само што не се прослави, туку експресно се врати назад во Европа.

„За луѓето кои прашуваат зошто не сум го земал Лука… одговорот е затоа што во тимот го имавме ДеАрон Фокс, кого го драфтував една година претходно. Во тој момент верував дека Фокс е играч кој може да стане заштитно лице на екипата ако му укажеме доверба, да го направиме лидер. Како што изгледаво моментов, можеби погрешив, но јас се уште верувам дека Фокс ќе стане уште подобар играч од она што го покажуваше досега на НБА-терените“, вели Дивац.

„Интересно, сите говорат за мојот избор, но Лука не заврши ниту во Феникс, а тогаш тренер им беше Кокошков, кој му беше селектор во Словенија, но сепак реши да не го ангажира. Потоа Дончиќ го избра Атланта, но ниту „јастребите“ не го задржаа, туку го испратија во Далас. Јас немам ништо против Лука, сакам да го гледам, уживам во неговата кошарка, но кога ја носев одлуката имав некои свои варијанти“, додаде легендарниот српски кошаркар.

Се вчитува...